Црна хроника
Обид за вооружен грабеж во менувачница во Струга
Маскиран и вооружен разбојник во среда влегол во менувачница во Струга со намера да ја ограби, но откако вработената повикала помош тој почнал да бега и набргу бил уапсен, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Стружанецот И.Л. (25), маскиран и вооружен со пиштол во среда влегол во менувачницата „К-Виса” во Струга при што со закана над вработената започнал да зема пари од сефот и касата. Вработената на висок тон повикала помош поради што И.Л. почнал да бега при што бил совладан, а потоа и приведен.
При претрес во неговиот дом, полицијата пронашла една рачна бомба, пиштол сопственост на неговиот татко и рамка со пет куршуми.
ПС Струга поднесе кривична пријава против И.Л. поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „разбојништво”, и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, а Основниот суд Струга на му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.