Црна хроника
Топаловски екстрадиран во Македонија
Ѓорѓи Топаловски (40), кој е осомничен за двојно убиство извршено во 2007 година, во петокот вечерта бил екстрадиран во Македонија од Мадрид каде претходно бил депортиран по негово апсење во Доминиканската Република во август 2012 година, соопштуваат од МВР.
Четириесетгодишниот Топаловски се сомничи дека на 22 ноември 2007 година на булевар Илинден во Скопје, во близина на Зоолошката градина ги убил Андреј Филип -и триесетгодишниот Новица Благоевиќ – Моско од Скопје, а потоа ги прегазил со неговиот автомобил.
Според обвинението, тој ги убил двајцата скопјани поради лихварски долг.
Полициски извори тогаш информираа дека Топаловски подолго време им должел 10.000 евра кои требало да ги врати но и да им исплати лихва за дадените пари.
Бидејќи не бил во можност да ги вратиТопалоски кроел планови да избега од Македонија, но неговиот план го промениле Филип и Благоевиќ, кои го начекале и од него си ги побарале парите по што настанала тепачка.
Топаловски тогаш извадил пиштол и со по еден куршум ги застрелал двајцата по што ги прегазил со автомобилот и се дал во бегство.
Од МВР информираа дека екстрадицијата се одвивала без никакви инциденти или проблеми, а Топаловски бил преземен од шпанските власти и доцна синоќа бил доведен на скопскиот аеродром „Александар велики” од каде со засилено полициско обезбедување бил пренесен во Истражниот затвор во Скопје.
По лицето Ѓорѓи Топаловски (40) од Скопје врз основа на Наредба од Основен суд Скопје – 1 во декември 2007 година беше распишана меѓународна потерница./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.