Црна хроника
Со палки нападнати две момчиња од Скопје
Неколку маскирани насилници вооружени со безбол палки во четвртокот околу еден часот и дваесет минути по полноќ на улицата „Џумајска“ нападнале две момчиња од Скопје.
Во нападот повредени биле Д.Ф. (1993) и М.Д. (1989) и двајцата од Скопје, а за време на нападот настрадало и едно патничко моторно возило „БМВ” со скопски регистарски ознаки.
Повредените во инцидентот веднаш биле пренесени во ургентниот центар во Скопје каде им била укажана лекарска помош и констатирани им се телесни повреди, по што се пуштени на домашно лекување.
Напаѓачите по инцидентот веднаш се разбегале, а за време на физичката пресметка не проговориле ниту еден збор.
Причината за нападот за сега не им е позната на истражните органи кои преземаат мерки за расчистување на случајот./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.