Црна хроника
Гостиварец пукал со пиштол во зграда поради наводен долг
Педесет ипетгодишен гостиварец пукал со пиштол во зграда додека бил пред вратата на станот на негов сограѓанин кој наводно му должел пари. Во пукањето нема повредени, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил во понеделникот навечер, во 19,40 часот, кога 55-годишниот М.А. дошол пред станот на 51-годишниот В.М.,барајќи му пари поради наводен долг. Откако В.М. одбил да му даде пари, настанала расправија меѓу двајцата, по што М.А. извадил пиштол и испукал два куршума во влезот од зградата.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, при што биле пронајдени и подигнати чаури и два проектила за вештачење, а од М.А. бил одземен пиштол „црвена застава” кал. 7,65 мм, што го поседувал без дозвола.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во викенд-куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж
Вчера, во 18.40 часот, во викенд-куќа на улицата Туристичка во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б. Ч. (36) од Берово.
Тој бил затекнат при извршување кривично дело тешка кражба од викенд-куќата, од каде што одзел повеќе предмети.
Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело тешка кражба од друга викенд-куќа.
Некои од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б. Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.