Црна хроника
Уапсен офталмолог за примање мито од 2.000 евра
Офталмолог од Клинички центар – Скопје примил мито од 2.000 евра од пациент за посредување за добивање на инвалидска пензија, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Полицијата вчера го уапси офталмологот Д.С. (46) за сторено кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание”.
Имено, при медицински преглед на Клиниката за очни болести во Скопје, кој бил извршен од страна Д.С. каде претходно бил вработен како доктор, дијагностицирал болест на очите кај еден пациент, за што му рекол дека со таква дијагноза повеќе не ќе може да работи и дека за износ од 2.000 евра, може да му посредува за добивање на инвладиска пензија.
Пациентот го пријавил настанот минатиот месец, за што веднаш бил известен и надлежен јавен обвинител.
Во понеделникот (5-ти мај) оштетениот граѓанин и осомничениот телефонски се договориле да се сретнат наредниот ден во угостителски објект во Скопје кај меѓународната автобуска станица каде што парите требало да бидат предадени.
По средбата што се одржала вчера, Д.С. ги примил претходно криминалистичко-технички обработените пари во износ од 2.000 евра, а неколку минути подоцна бил уапсен. При личниот претрес кај него била пронајдена и друга медицинска документација, за која полицијата дополнително ќе утврдува дали е поврзана со други постапки за стекнување на право за користење на пензии.
Како што информира МВР, докторот офталмолог е сопственик на приватна здравствена установа „Центар за очни болести ОКО” во Скопје и вработен во приватната поликлиника “Корнеа Медика”.
Како што објавија повеќе медиуми, најверојатно станува збор за докторот Дејан Ставриќ. Во јавноста Ставриќ е познат како претседател на Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар и ги предводеше протестите на лекарите против одлуката за плаќањето по учинок, на крајот на 2012 година.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.