Црна хроника
Пет лица загинаа во несреќа на минибус со деца фудбалери во Шпанија
Минибус со детска фудбалска екипа се удрил во багер во југозападниот дел од Шпанија, при што загинаа пет лица од кои четири се деца, јави ноќта кон петокот AFP.
Какао што пренесува агенцијата повикувајќи се на локалната полиција, во трагедијата повеќе од десет деца на возраст меѓу 10 и 13 години се повредени, од кои шест се во критична состојба. Несреќата се случила во регионот Естрамадура, вечерта околу 21.30 часот по локално време кога минибусот се судрил со багер на патот меѓу Кастуера и Пуерто Хурако, кај Бадахоз.
Засега не се познати причините за трагичната несреќа, но првичните извештаи укажуваат на тоа дека животно на патот можело да биде причината возачот на минибусот остро да го смени правецот и да се удри во багерот.
Во извештајот се додава дека претседателот на клубот Естрамадура, Хозе Антониот Монаго и други официјални лица веднаш отпатувале на местото на несреќата.
„Секоја смрт е трагедија, но секогаш сме многу подлабоко трогнати кога страдаат мали деца”, изјавил Монаго./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Казни за 153 возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за користење мобилен телефон при возење.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.