Црна хроника
Скопјанец сакал да поткупи сообраќаец за да не му пише казна

Дваесет ишестгодишен скопјанец се обидел да поткупи полицаец за да не му пише казна за сообраќаен прекршок.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Р.(26) од Скопје, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „давање поткуп”.
Имено, на 07.04.2014 година, додека полициски службеник извршувал службени дејствија на ул.„Јустинијан Први”, забележал возило „опел вектра” кое се движело со поголема брзина, поради што истото го запрел. Притоа, од возачот ги побарал потребните документи, а воедно забележал дека истиот не го имал ставено сигурносниот појас, а возилото имало фолии на стаклата за кои по проверката во сообраќајната дозвола утврдил дека нема забелешка дека истите се атестирани.
За сторениот прекршок полицискиот службеник изготвил Записник за сторен сообраќаен прекршок и регистрирање на негативни бодови, но пријавениот не сакал да ги потпише и му предложил да се сретнат и да пијат кафе заедно, по што од паричникот извадил 200 денари во апоени од по 100 денари, и му ги ставил во десниот џеп од ветровката, велејќи му да ја искине пријавата.
Веднаш по ова пријавениот бил лишен од слобода и доведен во ПС ОН Драчево. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Возел со 3,15 промили алкохол во крвта, во полусвесна состојба: уапсен пијан скопјанец на патот Охрид-Кичево

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.
Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.
Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.
По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”, соопшти полицијата.
Црна хроника
Прегазен малолетник во Гостивар: го удрило „бмв“од Швајцарија

Ноќеска во 21.34 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Џ.И.(33) од с.Форино, гостиварско, со престој во Швајцарија, удрило во малолетен пешак од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Од плажа на брегот на Охридското Езеро во болница е донесен починат маж од Босна и Херцеговина: телото дадено на обдукција

Вчера во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни заболувања Св.Стефан“ бил донесен починат М.С.(65) од Босна и Херцеговина.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.