Црна хроника
Повредените од несреќата кај Штип се пренесуваат на скопските клиники
Во тешката сообраќајна несреќа се случи утрово меѓу шинобус-воз и автобус во близина на бензинската „Мики петрол” на патот Штип-Велес, во близина на Лозово според непотврдени информации најмалку 30 лица се повредени од кои некои веќе се пренесени на скопските клиники
Според очевидци, глетката била страотна и според информации од теренот повредените патници се пренесувани на лекување во штипската и велешката болница.
Силвана Мишева портпарол на Општа болница Велес изјави дека претпладнево во болницата со приватни автомобили и возила на Итната медицинска служба донесени се 16 пациенти.
Од нив тројца поради сериозноста на повреите ќе бидат префрлени на лекување во Клинички центар во Скопје. Според информации од центарот, подготвени се примање повеќе пациенти.
Меѓу повредените, според непотврдени информации, има деца и бремена жена. Мишева рече за порталот Лисица дека повредената е задржана на гинеколошко акушерското одделение но нејзината состојба е стабилна./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.