Црна хроника
Тинејџерка од Тетово го избодела со нож својот помал брат
Тинејџерка од Тетово ја нападнала со нож нејзината мајка, но наместо неа го прободела нејзиното помало братче.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во вторник. Најпрвин настанала расправија помеѓу Р.С.(39) и нејзината шеснаесетгодишна ќерка. Во еден момент ќерката физички ја нападнала својата мајка со нож во раката, а при обид Р.С. да и го одземе ножот, тинејџерката му нанела убодна рана на својот тринаесетгодишен брат, кој е пренесен и задржан на лекување во Медицинскиот центар Тетово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.