Црна хроника
Директорот на ЈП ’Проаква’ ја оштетил фирмата за над шест милиони денари
Директорот на меѓуопштинското јавно претпријатие ’Проаква’-Струга го оштетил правното лице за 6.365.000 денари со потпишување на незаконски договори со 23 вработени за исплата на надоместоци поради отпуштање, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Б.Т.(53) од Охрид, како директор на претпријатието ‘Проаква’ на седница на управниот одбор во 2009 година предложил поради превработеност и тешка материјална состојба 23 вработени да бидат прогласени како технолошки вишок во РЕ „Водовод”-Охрид која е дел од МЈП ‘Проаква’. Пријавениот ги довел во заблуда членовите на управниот одбор предлагајќи да донесат одлука на овие вработени противзаконито да им се даде надомест од 60 идни плати на товар на јавното претпријатие и исплата на еднократен надоместок од по 8.000 денари по работник.
По донесувањето на одлуката од страна на управниот одбор, Б.Т. потпишал поединечни договори со 23-цата работници за исплата на 60 плати, при што со ваквите дејствија го оштетил претпријатието за 6.365.000 денари.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Т. за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.