Црна хроника
Уапсени лицата кои застрелаа брачен пар во Крива Паланка
Маж и жена од Куманово се уапсени за обидот за убиство на сопружници во Крива Паланка што се случи на 4 февруари, годинава.
СВР Куманово целосно го расветли случајот на убиството во обид што се случи на четврти февруари во Крива Паланка, при што е поднесена кривична пријава против О.М.(36) од Куманово поради основано сомнение дека сторил кривично дело ‘убиство во обид’ и против М.Ѓ.(34) од Куманово поради основано сомнение дека сторила две кривични дела и тоа ‘помагање во извршување на кривично дело убиство во обид’ и ‘недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи’.
Како што информира МВР, О.М откако претходно го зел пиштолот од М.Ѓ., која го поседувала неовластено без потребната документација, се маскирал со фантомка на глава и се упатил кон домот на повредените. Тој им заѕвонил на вратата и откако му отвориле, со умисла пукал кон сопружниците, нанесувајќи им тешки телесни повреди, по што избегал.
Од страна на истражен судија на пријавените им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.