Црна хроника
Тодоров и Јанакиески ги посетија повредените патници
За малку е избегната вистинска катастрофа, вака очевидци на тешката сообраќајна несреќа што утрото во вторникот се случи на железнички премин во Овчеполието, на патниот правец Штип – Велес, го опишуваат моментот кога шинобус удрил во автобус полн со патници при што 32 лица беа повредени од кои според информациите од надлежните органи четири од нив се во потешка состојба.
Местото на несреќата го посетија министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како и министерот за здравство, Никола Тодоров, по што ги посетија и повредените од тешката сообраќајна несреќа.
На Клиничката болница во Штип се пренесени 16 патници кои во моментов се во стабилна состојба. Еден од патниците, поради посериозна повреда на ‘рбетот, испратен е на клиниките во Скопје.
Во болницата во Велес биле пренесени уште 16 патници од кои тројца со потешки телесни повреди се испратени во Скопје.
Двајца од повредените се пуштени на домашно лекување.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, сообраќајната несреќа се случила околу 7 часот и 15 минути. Возот кој сообраќал на релацијата Кочани – Скопје на обезбеден железнички премин во близина на селото Сарамзалино налетал на автобус на автотранспортното претпријатие „Струмица експрес” кој бил полн со патници, при што поради јачината на ударот автобусот се превртил.
Според првичните информации, возачот на автобусот најверојатно се обидел да ја помине пругата, иако била спуштена рампата која сигнализирала проаѓање на возот.
По извршениот увид на несреќата сообраќајот на патниот правец Штип-Велес е нормализиран./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.