Црна хроника
Директорка на градинка ја оштетила установата за пет милиони денари
Поранешна директорка на тетовска детска градинка за три месеци ја оштетила установата за речиси пет милиони денари.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, Е.А(37) од село Глоѓи, тетовско, инаку поранешна директорка на детската градинка „Младост”-Тетово од јануари до март 2013 година преку сметководствената служба на градинката исплатила доспеани фактури на повеќе фирми за наводно извршени различни работи – набавка на артикли, набавка на играчки, заштитна опрема, одржување веб-страница, вршење поправка и санација на градинката и сл.
Исто така, таа спротивно на Законот за јавни набавки од фирма од Тетово набавила поголема количина на нафта и во име на градинката склучила договори со оператор за четири претплатнички броеви кои ги користеле членовите на нејзиното семејство.
На овој начин, Е.А. ја оштетила детската градинка за износ од 4.921.702 денари.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против неа за постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.