Црна хроника
Нови рации во тетовските и гостиварски локали во продолжени на 'Канџа'
Во доцните попладневни и вечерни часови во петокот тимови на Министерството за внатрешни работи и Управата за јавни приходи (УЈП), во Тетово и Гостивар ја продолжија акцијата „Канџа”повторно резултираше со затворање десетици објекти и повеќе прекршочни и кривични пријави.
Со контролата биле опфатени 17 објекти, од кои 12 на подрачјето на Тетово, како „Германија”, „Типико”, „Журнал” и повеќе обложувалници без име, и пет на подрачјето на Гостивар – „Еуро Шанса”, „Германија” и другите нерегистрирани, поради сомненија зе незаконско организирање игри на среќа, соопшти МВР во саботата.
За реализирање на акцијата биле ангажирани поголем број полициски службеници од различни организациони единици, како и службени лица од Управата за јавни приходи.
Целта на спроведената акциска контрола, како и претходната, е откривање лица кои вршат дејност од Законот за игри на среќа и за забавните игри без лиценци, како и откривање на други кривични дела и прекршоци.
При рацијата било утврдено дека контролираните објекти во Тетово и Гостивар работат незаконски, односно не поседуваат лиценци за работа. Во 13 објекти од страна на УЈП се констатирани 12 кривични дела по чл.156, осум прекршоци по чл.158 и два прекршока по чл.151 од Законот за игри на среќа и за забавните игри. На сите каде беа констатирани неправилности им беа издадени решенија за забрана на вршење на дејност. Во акцијата легитимирани се 47 лица, приведено е едно лице заради утврдување на идентитет, а еден малолетник е предаден во СВР Тетово. Во рамките на контролата беа одземени 114.875 денари и 230 евра, 37 телевизори, 27 монитори, 21 компјутер, 21 печатачи, 10 апарати за игри на среќа, седум куќишта за компјутер, три процесори, два ресивери, две покер маси и еден читач.
Контролите беа успешно реализирани, без посериозни инциденти, освен во еден случај каде при контрола на објект во тетовското село .Речица дојде до собирање на група од околу 20 граѓани кои насилно ги истуркале членовите на тимот надвор од објектот поради што контролата не била целосно спроведена. Имено, во спортска обложувалница без име на фирма, сопственост на жител од селото Мала Речица кај Тетово, додека службени лица на УЈП составувале Записник за констатирана состојба, во објектот влегле повеќе лица, кои почнале да им се закануваат, а притоа на инспекторот насилно му бил одземен Записникот и другите документи, при што биле расфрлани на подот. Во исто време, на улицата која оди до објектот била поставена блокада со паркирање на автомобил „пасат” и автомобил „БМВ”, а се собрале и поголема група граѓани. По кратко време, од страна на полициски службеници блокадата е отстранета и лицата се разотишле. Во консултација со Јавното обвинителство, по целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава во редовна постапка.
Вчерашната контрола беше продолжение на февруарската акција „Канџа” во која кај 12 спортски обложувалници од страна на Управата за јавни приходи беа констатирани прекршоци и кривични дела од Законот за игри на среќа и за забавните игри, а исто така беа издадени решенија за забрана на вршење на дејност. Тогаш беа легитимирани 122 лица, а при легитимирањето пронајдени се две лица по кои се трагало по распишана потерница. Одземени беа 263.453 денари и 440 евра, 55 телевизори и други апарати кои служеле за приредување игри на среќа./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.