Црна хроника
Во Драч запленети 47 тони шверцувани цигари за Бар
Во албанското пристаниште Драч полицијата заплени 47 тони шверцувани цигари .
Бродот во кој биле шверцуваните цигари од пловел под знаме на Танзанија од Грција кон Црна Гора. По кратко престојување во албанското пристаниште Валона, бродот отпловил без дозвола, а од невремето бил принуден да вплови во пристаништето во Драч.
При рутинска контрола од страна на царината е откриено дека во него има 47 тони цигари за кои се сомнева дека се шверцувани и се пренесувале на нелегален начин кон пристаништето Бар во Црна Гора./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.