Црна хроника
Свирепо убиство во Ѓорче Петров
Свирепо убиство попладнето во понеделникот се случи во скопската населба Ѓорче Петров. Неофицијално со два убоди од нож во срцето околу 17 часот и 15 минути убиен е матурантот А.П. роден 1995 година.
Според очевидци инцидентот се случил откако непознати лица влегле во куќата на сега веќе убиениот и одзеле велосипед по што се дале во бегство.
Кражбата ја забележале А.П. и неговиот татко по што со возило тргнале по арамиите. Откако успеале да им се приближат, момчето прво го стигнало разбојникот по што започнала физичка пресметка во која насилникот успеал да му зададе две убодни рани кои биле кобни за младото момче.
Убиството се случило во непосредна близина на очната клиника во Ѓорче Петов.
По убиството на матурантот, главната улица во Ѓорче Петров е блокирана од поголема група на револтирани граѓани од населба.
Засега се знае само тоа дека во убиството учествувале двајца напаѓачи.
Од полицијата го потврдија инцидентот и информираат дека увидот е се уште во тек и повеќе детали најавуваат за подоцна.
Во моментов околината околу местото на убиството е блокирана од полицијата. На местото се собираат и средношколци, најверојатно соученици на убиениот.
Жителите на населбата кои излегле на местото на настанот во револт почнале да ги палат и контејнерите кои се наоѓаат во близина и не дозволуваат никој да се приближи./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.