Црна хроника
Приведен осомничен за убиството на матурантот од Ѓорче Петров
Полицијата го уапси Насер Е., осомничен за убиството на матурантот од Ѓорче Петров што се случи во понеделникот попладне. По синоќешните демонстрации во населбата, ситуацијата утрово е мирна.
Ангел П. беше убиен вчера во близина на Европската очна болница во населбата Ѓорче Петров. Убиството се случи откако Насер Е. од дворот на куќата на жртвата украл велосипед. По кражбата, Ангел П. и татко му со автомобил почнале да го бркаат крадецот, а кога му се доближиле продолжиле да го бркаат пешки. Матурантот стигнал до крадецот и почнала тепачка меѓу нив. Неофицијално момчето било прободено со два убоди од нож во пределот на срцето.
По инцидентот жителите на Ѓорче Петров се кренаа на нозе, а состојбата утрово е мирна. За време на демонстрациите беа запалени и искршени неколку продавници и угостителски објекти, беа превртени автомобили и контејнери поради што неколку улици беа блокирани.
Општината Ѓорче Петров утрово упати апел до граѓаните на општината да се воздржаат од било какви активности спротивни на закон и да делуваат врз било какви изливи на насилство.
„Советот и Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, ја разгледаа безбедносната состојба во општината настаната по извршеното убиство на жител на Општина Ѓорче Петров, при што изразија жалење за изгубениот млад живот, но и загриженост за подигнатите тензии. Советот и Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров упатуваат апел до граѓаните на општината да се воздржаат од било какви активности спротивни на закон и да делуваат врз било какви изливи на насилство”, стои во писменото соопштение.
Општината ги повикува надлежните институции, а посебно Министерството за внатрешни работи, да ги превземаат сите нопходни мерки од нивна надлежност за враќање мирот и безбедноста и заштита на животот и имотот на граѓаните.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.