Црна хроника
Пожар во битолскиот Монмартр
Во пожар што избувна во среда изутрина изгоре првиот кат од зградата на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ во старата чаршија во Битола.
Пожарот избувнал околу 6 часот и 30 минути, а огнот го зафатил првиот кат од зградата на ликовното студио. Брзата интервенција на противпожарните екипи спречиле ширење на пожарот на вториот и третиот кат и за среќа не е предизвикана голема материјална штета.
Причините за пожарот сé уште се утврдуваат.
Во пожарот изгореа слики што за два дена требаше да патуваат на 32-рата Светска ликовна изложба.
Најзначајниот дел од историјата на ликовното воспитување во Битола се отстапува на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј”, формирано во 1981 година. Најголем успех на студиото претставува организирањето на Меѓународната детска ликовна колонија, позната како Мал битолски Монмартр која успешно опстојува веќе 30-тина години. крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.