Црна хроника
Прилепчанец измамил 14 лица за работа во странство
Прилепчанец лажно им ветил работа во странство на 14 лица и на тој начин „заработил“ околу половина милион денари, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во јануари годинава, Х.П. (44) од Прилеп го основал Друштвото за производство, превоз и услуги „Europese Detachering Bureau” преку кое објавил оглас дека нуди работа во Холандија, Белгија и Германија за која заинтересираните лица требале да поседуваат бугарски пасош и да уплатат 550 евра на жиро сметка.
Сумата која требало да ја уплатат била предвидена за трошоци за авионски билети, престојувалиште за 14 дена како и поддршка и посредување за вработување, за пријавување престој во странската држава и трошоци за агенцијата.
Х.П. ветувајќи им дека по заминувањето во странство ќе потпишат договор за вработување, а во рок од 12 месеци доколку не добијат соодветен предлог за работа, таксите за престој и превоз ќе им бидат вратени во вредност од 250 евра. На ваков начин тој измамил 14 лица кои не заминале на работа во странство, а со тоа се стекнал со противправна имотна корист од 466.988 денари.
За паричните средства кои измамените луѓе ги уплаќале на жиро сметката на правното лице, Х.П. немал книговодствена евиденција за влезот и трошењето на парите од оштетените лица.
ПС Прилеп поднесе кривична пријава против Х.П.за сторени кривични дела „измама” и „фалсификување или уништување деловни книги”.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен 39-годишник од Студеничани, возел „џип компас“ евидентиран во базата на Интерпол како украден
Вчера попладне, во 15.40 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода 39-годишниот Џ.Р. од село Црн Врв, општина Студеничани, извести МВР.
„При извршена гранична контрола било констатирано дека патничкото возилото „џип компас“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, сопственост на правно лице од Италија, евидентирано во базата на Интерпол како украдено“, соопшти МВР.
Тој бил задржан во Полициското одделение Мирковци, а возилото било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсена жена во Гостивар, ограбила продавница
Вчера во 13.15 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 47-годишната С.Ѓ., која непосредно пред тоа во трговски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар противправно одзела неколку предмети, извести МВР.
Одземените предмети биле вратени во објектот, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип расчистија седум кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба“ и две „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на територијата на Кочани од угостителски и продажни објекти и една од физичко лице, извести МВР.
„Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата, на 27.03.2024 од слобода бил лишен Е.Р.(37) од Кочани. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.