Црна хроника
Запленети девет килограми марихуана во рамки на акцијата ’Мрежа’
Девет килограми марихуана заплени скопската полиција кај лица од Ресен и Скопје, во рамки на акцијата ’Мрежа’ за борба против уличните дилери.
Запленетата дрога е со потекло од Албанија, а според сознанијата на полицијата дел била наменета за продажба надвор од Македонија.
По добиени сознанија за делување на криминална група од скопските села Глумово и Грчец и за недозволена трговија со наркотична дрога во реонот на „Кванташки пазар”, полициски службеници на 21-ви мај извршија преглед на лицето А.А.(55) од Ресен и камион марка „Mercedes – Sprinter 311 CDI” со охридски регистерски ознаки, управувано од истиот.
При вршењето на прегледот, кај лицето е пронајдено едно тврдо парче од пресувана непозната растителна материја-кафеава боја со неутврдена количина, додека при прегледот на камионот пронајдено е едно полиетиленско пакување со марихуана.
Вчера на автопатот Скопје – Куманово од страна на полициски службеници околу 17 часот на патарина Миладиновци, бил запрен автомобил „BMW” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(24) и совозач А.Џ.(54) двајцата од Скопје. При извршениот преглед над горенаведеното патничко моторно возило во багажниот простор пронајдена е една вреќа со осум пакувања неправилна форма облепени со безбојна најлон-фолија со непозната растителна материја. Во врска со овој случај како член на криминална група лишено од слобода е и лицето Л.К.(22) од Скопје.
По извршено вештачење на запленетата материја за двата случаи утврдено е дека се работи за марихуана со вкупна тежина од девет килограми со висок квалитет и еден грам хашиш, а запленета марихуана на нарко пазарот би достигнала цена од 27.000 евра.
Од страна на МВР ќе биде поднесена кривична пријава против четирите приведени лица, но и против други кои работеле со нив, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Досега во рамки на акцијата „Мрежа” приведени се 60-тина дилери на наркотици, а беа запленети над 460 килограми различни видови дроги.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.