Црна хроника
Седум убиени и седум ранети на колеџ во Калифорнија
Седум лица се убиени а седум други се ранети во престрелка на колеџ во мал град во јужниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, јавуваат агенциите.
Шерифот на округот Санта Барбара го опиша пукањето во гратчето Исла Виста во близина на кампусот на Калифорнискиот универзитет како „масовно убиство од вооружен напаѓач”, пренесува американската телевизиска мрежа CNN.
Напаѓачот, кој возел црно возило стрелал врз пешаци на неколку локации во градот, меѓу кои има неколку жртви, пренесува AFP повикувајќи се на локалната полиција. Нема информации за осомничени или приведени лица во врска со нападот, а не е објавен ниту идентитетот на жртвите.
Полициски извори, пак, за Associated Press рекле дека во инцидентот кој се случил ноќта кон саботата повеќе лица од автомобил во движење пукале врз група луѓе во Исла Виста веднаш до универзитетскиот кампус. По пукањето, локалната полиција го блокирала градот и ги повика жителите да не ги напуштаат своите домови. Состојбата на тревога во гратчето продолжува и во сабота./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.