Контакт

Црна хроника

Четири жртви во напад кај Еврејскиот музеј во Брисел

Објавено пред

Четири лица се убиени и уште три се ранети во саботата попладне во белгиската престолнина Брисел кога напаѓач отворил оган од автоматско оружје врз минувачи пред Еврејскиот музеј (Musee Juif), пренесуваат тамошните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Во инцидентот кој белгиските власти го карактеризираа како терористички напад, две жени и маж починале веднаш по пукањето, додека уште еден маж починал подоцна во болница. Бриселскиот градоначалник Иван Маер изјави дека жртвите се тројца мажи и жена.

Огнот бил отворен во самиот центар на Брисел, на улицата Де Миним, на стотина метри од зданието на највисокиот суд во Белгија – Палатата на правдата. Комесарот на полицијата на белгиската општина Иксел, Гидо Ван Вимерш изјавил дека напаѓачот избегал од местото на нападот со автомобил „ауди”. „Тој излегол од автомобилот со ранец и отворил оган врз минувачите на улицата, потоа седнал во возилото и избегал од местото на настанот”, рекол. Комесарот додал дека еден од очевидците успеал да запамети некои од ознаките на табличката на автомобилот на напаѓачот.

Засега не е објавени идентитетот на жртвите. Според некои медиуми, пукањето се случило во самиот музеј.

На местото на несреќата дошла и белгискиот министерката за внатрешни работи, Жоел Милке, којашто изјавила дека е „висока веројатноста” дека се случил „терористички акт со антисемитска заднина”. Притоа еден од челниците на белгиската еврејска заедница Жулиен Кленер за радиото Contact рекол дека „последните денови Еврејскиот музеј во Брисел не добил никакви закани”.

Белгискиот премиер Елио Дирупио изјави дека сочувствува со блиските на загинатите и ранетите истакнувајќи дека е „потресен од трагедијата”.

Министерот за надворешни работи, Дидие Рејндерс, исто така, дошол на местото на нападот. „Видов многу шокирани луѓе”, рекол Рејндерс додавајќи дека од очевидци слушнал дека едно лице со ранец на грбот излегло од паркиран автомобил и отворила оган пред Еврејскиот музеј, но и во објектот.

Терористичкиот напад во Брисел се случи на помалку од 12 часа од почетокот на парламентарните избори во Белгија, како и изборите за Европскиот парламент. Весникот Libre Belgique.коментира дека нападот може да ја разгори повторно дебатата за ниското ниво на безбедност во земјата./крај/мф/сн

Црна хроника

Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба

Објавено пред

Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Топ

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.

dobivaj vesti na viber

Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.

Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Кривична за вработен во Национални шуми

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.

dobivaj vesti na viber

На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Македонија18 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

„СДС ја фрли Македонија во хаос. Институциите се парализирани, апатија и разочараност ги тиштат граѓаните. Корупцијата е распространета во секоја...

Македонија21 минута

СДСМ: На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината, нема откажување

На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината. Граѓаните сакаат европски стандарди дома, сакаат развиена држава со подобри услови...

Свет1 час

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Македонија11 часа

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ17 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија18 часа

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ19 часа

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија20 часа

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија21 час

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија22 часа

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија23 часа

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион1 ден

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет1 ден

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија1 ден

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет1 ден

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...

Македонија1 ден

Пендаровски: Tие што беа против преспанскиот договор сега се фалат со НАТО-членството

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера вечер во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант...

Македонија2 дена

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија2 дена

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија2 дена

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...