Црна хроника
Кондовец три месеци држел Романка во заточение
Дваесетгодишна Романка три месеци била во заточение во Кондово, каде пристигнала по лажно ветуавње за брак од момче кого претходно го запознала во Германија.
Двајцата се запознале во октомври во Бон, каде најнапред биле во љубовна врска, а во февруари допатувале со автобус легално во Македонија. По пристигнувањето, пријавениот ја сместил романската државјанка во семејната куќа во с.Кондово, а на 24.02.2014 година во просториите на ПС-ОН “Ѓорче Петров“ Скопје ѝ пријавил туристички престој. Веднаш потоа ѝ ја одзел нејзината лична карта и мобилниот телефонски апарат со Германска СИМ картичка кој го поседувала. Девојката била сместена во една од собите во семејната куќа, а била запознаена со членовите на семјството на пријавениот, меѓу кои и со невенчана сопруга на пријавениот. Во наредниот период од страна на пријавениот Романката била присилувана на вршење на домашни работи и сексуални односи со него заради што останува бремена. Доколку од страна на жртвата била искажана непослушност или одбивање да ги извршува наведените работи, таа била вербално и физички малтретирана и тепана од страна на пријавениот. Во текот на нејзиниот престој во куќата истата не смеела да излегува без негова придружба, а во неколку наврати од страна на пријавениот, под негова контрола и било дозволено преку скајп да контактира со нејзината сестра во Романија на која во еден наврат успеала да ѝ прати кратко известување на романски јазик, дека е физички малтретирана од страна на пријавениот, дека неможе да си дојде дома поради немање на лични документи, како и дека е бремена и најверојатно ќе проба да се повреди себеси бидејќи не сакала да ја задржи бременоста, за што од страна на пријавениот не ѝ било дозволено да посети лекар. Покрај физичкото малтретирање, пријавениот често пати ја заплашувал со физички казни, со закани по животот на нејзините блиски во Романија и Италија, па дури и со закани по нејзиниот живот. На пријавениот му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.