Црна хроника
Ограбен стан во Капиштец
Пари, пиштол, накит и техника во вредност од околу 360.000 денари биле украдени во понеделник (26-ти мај) од стан во скопската населба Капиштец.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, кражбата се случила во стан на ул. „Народен Фронд” каде што привремено престојува К.В.(21) од Скопје. Крадецот со употреба на сила ја разбил влезната врата и влегол во станот од каде што украл 900 евра, сигнален пиштол, лап топ, дигитален фото апарат и разновиден златен накит, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 360.000 денари.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.