Црна хроника
Фатени арамиите што ги ограбија бензинските пумпи на Макпетрол во Велес
Велешката полиција поднесе кривични пријави против шестмина Велешани, осомничени дека во два наврата ја ограбиле бензински пумпи на Макпетрол, лоцирани на две локации во градот.
Кривични пријави се поднесени против пет лица и према едно малолетно лице, сите од Велес, поради основи за сомнение дека на бензински пумпи на „Мак Петрол” во два наврата со закана со нож од вработените одзеле вкупно 126.359 денари.
Пријавените О.Т.(23), Ѓ.Д.(26) и Ѓ.С.(25) на 29.12.2013 година во 03,00 часот влегле во бензинската пумпа „Макпетрол” лоцирана на ул. “Димитар Влахов” и одзеле ташна во која имало 42.359 денари. Пријавените О.Т.(23) кој се јавува како првопријавен и во претходната кривична пријава, С.М.(22) и В.А.(20) како и малолетникот Р.С.(17) на 26.03.2014 година во 04,20 часот се упатиле кон бензинската пумпа „Макпетрол” лоцирана на ул. “Алексо Демниевски” од каде одзеле 84.000 денари.
На пријавените им е одредена мерка притвор во времетраење траење од 30 дена. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.