Црна хроника
Охриѓани претепале инкасант оти им побарал да платат паркинг
Двајца охриѓани во вторникот во центарот на Охрид претепале со бејзбол палка инкасатор откако им побарал да платат за паркирање на нивното возило.
Пријавените, на 27.05.2014 година на паркинг просторот на улицата „Македонски просветители” во централното градско подрачје, револтирани бидејќи им било побарана наплата од 30 денари за користење на паркинг простор, К.М. започнал вербална расправија со вработениот инкасатор во Ј.П. „Биљјанини извории” по што користејќи го мометот кога Т.Б. го фатил за вратот, отишол до своето паркирано патничко моторно возило, извадил дрвена палка и замавнал удирајќи го инкасаторот по што го напуштиле местото на настанот.
Против К.М. и Т.Б. по повеќе основи се поднесувани кривични пријави. На пријавените им е мерка притвор во траење од осум дена. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.