Црна хроника
Ограбена земјоделска аптека во Битола
Земјоделски препарати во вредност од околу 3.700 евра биле украдени од земјоделска аптека во Битола, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Кражбата се случила во среда (28-ми мај) во земјоделската аптека ДООЕЛ „Агронија” сопственост на В.И.(35) на ул. „Булевар 1-ви мај”. Сторителот со употреба на сила го отстранил катанецот на влезната врата од дуќанот кој што граничел со земјоделската аптека каде што истиот насилно влегол и извршил тешка кражба одземајќи земјоделски препарати во вкупна вредност од 225.000 денари или околу 3.700 евра.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.