Црна хроника
Три лица тешко повредени во сообраќајка на патот Охрид-Кичево
Три лица се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случи во четврток попладне на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на Ново село, информира охридската полиција.
Поради сериозноста на повредите, по првично пружената медицинска помош во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, доцна синоќа во ургентниот центар во Скопје испратени се П.К. (48) и С.П. (46) двајцата од Охрид. Во болницата „Св.Еразмо” задржан е И.П.(24) исто така од Охрид кај кого биле констатирани скршеници во левата натколеница.
Сообраќајната незгода се случила околу 17 часот кога автомобил „Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од И.П. движејќи се во правец од Кичево кон Охрид, со цел да избегне директен судар со возило „Голф” кое на полна линија од спротивниот правец претекнувало две товарни возила, излегло надвор од коловозот на десната страна и повторно се вратило на коловозната лента.
Потоа со предниот дел удрило во задните леви тркала на камион „Ивеко” со албански национални ознаки кое се движело во правец од Охрид кон Кичево и се извртело на коловозот.
На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Охрид, овластен судски вештак како и полициски екипи. За време на увидот што траеше до 21 часот, сообраќајот беше пренасочен по локалниот пат низ Ново село.
По наредба на јавниот обвинител, врз патничкото моторно возило „Мерцедес” ќе биде извршено дополнително вештачење и технички преглед.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.