Црна хроника
Двајца Сиријци ограбиле вработена во МВР
Единицата за општ криминал до надлежното ОЈО Скопје со кривична пријава ги предаде лицата З.И. (18) и М.Е.А. (30) од Сирија, и двајцата со место на привремен престој во Скопје – Прифатен Центар за Азил, поради извршено кривично дело – „тешка кражба на дрзок начин”.
Од страна на судија на претходна постапка на двете лица им е одредена мерка притвор во траење од 8 дена, при што М.Е.А. е предаден на надлежен орган за издржување на мерката, додека З.И. е во бегство и по истиот се трага.
Горепријавените кривично дело го извршиле на 27 овој месец година околу 20 часот на бул. „ВМРО” на подрачје на ПС ОН Центар, при што од оштетената, инаку вработена во Министерството за внатрешни работи, одзеле женска ташна во која имало паричник со лични документи, кредитни картички, пари и две службени картици од кои едната картичка – сертификат за пристап до строго доверливи информации и службена легитимација од МВР на РМ, како и други предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 10 илјади денари.
Пријавените кривичното дело го извршиле на тој начин што и се приближиле на оштетената додека таа била во службено возило марка „Поло” на паркингот пред зградата на Т-Мобиле, при што второпријавениот М.Е.А. и го отргнувал вниманието на оштетената поставувајќи и разни прашања, а првопријавениот З.И. насилно, со употреба на физичка сила и ја грабнал ташната од рацете на оштетената која седела на возачкото седиште во возилото по што заедно со второпријавениот се дале во бегство во непознат правец.
Непосредно по извршувањето на кривичното дело од страна на полициски службеници од АЛФА на бул.„ВМРО” извршено е легитимирање врз второпријавениот М.Е.А. при што е лишен од слобода и приведен во ПС од ОН ,,Центар”, додека првопријавениот се дал во бегство во непознат правец.
Во ПС ОН „Бит Пазар” извршено е класично, непосредно препознавање каде оштетената го препознала второпријавениот како сторител на кривичното дело – “тешка кражба на дрзок начин”. /крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.