Црна хроника
Битолчани без причина нападнати и прободени со нож
Двајца битолчани се прободени од непознато лице во пределот на стомакот во понеделник вечер, соопшти полицијата.
Според истиот извор, околу 21,45 часот, на ул. „Солунска” во Битола непознато лице од непознати причини со остар предмет во пределот на стомакот ги прободел А.И.(37) и Ј.И.(38), двајцата од Битола. Повредените се пренесени во Клиничката болница во Битола каде им се утврдени тешки телесни повреди и истите се задржани на понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.