Црна хроника
Притвор за напаѓачот кој прободе двајца битолчани
Битолската полиција во средата го упаси лицето што пред два дена без причина прободе со нож двајца битолчани, нанесувајќи им тешки телесни повреди.
Како што за Тера рече портпаролката на СВР Битола, напаѓачот е пронајден, поднесена му е кривична пријава и ќе има за него притвор. Полицијата го товари за кривичното дело убиство во обид. За утре најавија повеќе детали за овој случај кој ја вознемири битолскската јавноста околу безбедноста на граѓаните.Инаку инциденот се случи на 02.06.2014 година, околу 21,45 часот, на ул. „Солунска” во Битола кога лицето од непознати причини со остар предмет во пределот на стомакот ги прободел А.И.(37) и Ј.И.(38), двајцата од Битола. Повредените беа пренесени во Клиничката болница во Битола каде им беа утврдени тешки телесни повреди и истите беа задржани на понатамошно лекување. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.