Црна хроника
Притвор за Битолчанецот што со нож се обиде да убие двајца сограѓани
Триесет иедногодишен битолчанец е осомничен за нападот со нож на двајца свои сограѓани пред неколку дена во Битола, соопшти полицијата.
Според истиот извор, битолското Обвинителство поднесе кривична пријава против лицето М.В.(31) од Битола поради основано сомнение дека сторил кривично дело “убиство во обид”.
Пријавениот на 02 јуни околу 21,45 часот на ул. “Солунска” со намера да ги убие лицата А.И.(37) и Ј.И.(38) двајцата од Битола, им нанел убоди со нож во пределот на стомакот нанесувајќи им тешки телесни повреди и доведувајќи им го животот во опасност.
Од страна на судија по претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.