Црна хроника
Жител на с.Горно Оризари доби 30 дена притвор за поседување оружје без дозвола
Педесетгодишниот З.Т. од с.Горно Оризари, скопско, доби мерка притвор во траење од 30 дена поради основано сомневање дека сторил кривично дело „Недозволено изработување, држење и трговија со оружје и распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ на РМ, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од таму додаваат дека акцијата била спроведена врз основа на претходно оперативно сознание дека пријавениот во својот дом има огнено оружје и муниција без соодветна дозвола, по што од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со оружје при СВР Скопје, а врз основа на наредба од Основен суд 1 Скопје, бил извршен претес при што се пронајдени, одземени и доставени на вештачење една автоматска пушка кал. 7,62 мм, две рамки за автоматска пушка, два куршуми кал 7.62 и три ловни патрони кал 12 мм.
Од МВР нагласуваат дека против пријавениот и претходно се поднесувани кривични пријави за сторени кривични дела “Тешка телесна повреда” и “Загрозување на безбедноста на сообраќајот”./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.