Црна хроника
Кумановци отвориле обложувалница без лиценца
Пет лица од Куманово организирале игри на среќа без лиценца и отвориле една обложувалница со што избегнале давачки од 12,915,000 денари.
Како што информира МВР, Н.А. (44) од село Отља во текот на 2013 година и почетокот на 2014 година во два деловни објекти лоцирани во селата Опае и Отља со своите синови А.А. (22) и М.А. (20) организирал и приредувал игри на среќа без да поседува издадена лиценца односно дозвола од надлежен орган за секој објект посебно, при што во целост ја одбегнал давачката за надомест за лиценца во износ од 12.915.000 денари.
Исто така, со намера да ги измами корисниците на услуги, неовластено употребил натпис на туѓа фирма на тикетите во обложувалницата во село Опае, додека две лица од Опае му помагале во извршувањето на кривичните дела.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против таткото и двајцата синови како и против А.Ј.(19) и А.И.(22) двајцата од село Опае, кумановско поради основано сомнение за сторени кривични дела „приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган”, „даночно затајување”, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма” и „помагање”. крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во викенд-куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж
Вчера, во 18.40 часот, во викенд-куќа на улицата Туристичка во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б. Ч. (36) од Берово.
Тој бил затекнат при извршување кривично дело тешка кражба од викенд-куќата, од каде што одзел повеќе предмети.
Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело тешка кражба од друга викенд-куќа.
Некои од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б. Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.