Црна хроника
Скопјанец си ги претепал мајката и братот
Триесет ичетиригодишен скопјанец ги претепал неговите мајка и брат на 9-ти овој месец. Двајцата истиот ден го пријaвиле случајот во полиција, по што насилникот бил приведен, а судот му одреди притвор од осум дена.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, скопјанецот С.Н. на 9-ти овој месец, околу 11 часот во неговиот семеен дом во Скопје по претходна вербална расправија, почнал со перница да ја удира неговата мајка. Неговиот брат се обидел да ја одбрани мајка им, по што С.Н. почнал да го удира и него со тупаници и нозе по главата и телото нанесувајќи му видливи повреди во вид на модринки по лицето. Братот успеал да избега и да го пријави настанот во полиција.
Полицијата го привела С.Н. и по извршениот разговор истиот бил ослободен.
Откако пристигнал дома, тој продолжил да ја тепа неговата мајка удирајќи ја со тупаници по главата и телото по што истата паднала на земја, а потоа влечејќи ја за нога ја извадил надвор од домот и и ја заклучил влезната врата. По ова истата се упатила во полициска станица да го пријави настанот, за што С.Н. повторно бил приведен, а СВР Скопје против него поднесе кривична пријава поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство”. Од страна на судија одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
Инаку пријавениот С.Н. уште како малолетник е познат сторител на кривични дела и против истиот до сега се поднесени вкупно 12 кривични пријави (за кривични дела од областа на неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, тешка телесна повреда, лажно пријавување кривично дело, кражба, одземање моторно возило, тешка кражба, загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, даночно затајување, фалсификување или уништување деловни книги), за што за дел од нив му се изрекувани мерка засилен надзор од родител-посвоител, две условни осуди и четири казни затвор./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.