Црна хроника
Фатен Косовец со фалсификуван македонски пасош
Две лица заработија кривични пријави заради фалсификување на патна исправа.
Како што соопшти полицијата, пријава е поднесена против македонскиот државјанин И.А. (27) и косовскиот државјанин И.В. (51).
Пријавените делото го сториле на тој начин што, косовскиот државјанин И.В. стапил во контакт со непознато лице кое му ветило дека за сума од 1.500 евра, ќе му обезбеди изработка на оригинална македонска патна исправа, со која непречено ќе може да патува во земјите на Европската Унија. По остварениот договор, во текот на јули 2012 година, И.В заедно со непознатото лице од Косово (како посредник), оствариле средба со И.А. (тогашен вработен како ОСЛ – Референт за патни исправи во Одделот за граѓански работи), кој свесно го примил пополнетиот образец – барање на кое се наоѓале податоци од друго лице – македонски државјанин, кој е иселен од Македонија во 1982 година и извршил фотографирање и земање на папиларни линии од косовскиот државјанин – И.В.
По одреден период, И.В повторно дошол во Скопје, каде во зградата на МРТВ – Оддел за граѓански работи, без да му бидат побарани документи за идентификација, му била врачена македонската патна исправа, на која била ставена негова фотографија, а податоците се на друго лице – македонски државјанин. Во периодот од 16.07.2012 година до 10.06.2014 година, И.В. ја користел македонската патна исправа за влез и излез во Р.Македонија и во други држави.
На почетокот на месецов, односно на 02 јуни од страна на полициските служби на Косово, доставено е барање до македонските полициски служби со известување дека во Косово се води активна истрага за лицето И.В. и доколку истото се пријави на влез во Р.Македонија, да се изврши негова проверка.
Минатата недела, односно на 10 овој месец на ГП Долно Блаце, И.В. направил обид за влез во Р.Македонија, при што ја приложил својата косовска патна исправа, но истиот е задржан и со него е извршен службен разговор. Во текот на разговорот, утврдено е дека И.В. поседувал и македонска патна исправа, која е побарана на увид и по откривањето на делото, лицето е лишено од слобода, додека патната исправа е одземена со Потврда за одземени предмети. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.