Црна хроника
Маскирани и вооружени лица нападнале двајца арачиновци во Тетово
Две маскирани и вооружени лица нападнале двајца жители на скопското село Арачиново во понеделник во Тетово. Кога виделе дека нападнале погрешни луѓе, избегале од местото на нападот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во понеделникот изутрина, околу 2,50 часот, во Тетово на улицата „Димо Гаровски Кара“ две маскирани лица вооружени со пиштол со автомобил „БМВ Х5“ му го попречиле патот на патничко возило „голф 3“ управувно од Ш.М.(23), а во кое бил и С.Ј.(25), двајцата од село Арачиново, скопско.
Маскираните лица излегле од возилото и ги извадиле Ш.М. и С.Ј. надвор од автомобилот и го одзеле клучот. Потоа ги легнале над земја вршејќи претрес во возилото и во облеката, а потоа едно од лицата со пиштолот го удрило Ш.М. во пределот на главата, нанесувајќи му видливи повреди. По извесен период кога лицата констатирале дека се работи за други лица, со своето возило и со одземените клучеви го напуштиле лице местото.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.