Црна хроника
Пет момчиња загинаа во сообраќајка во Белград
Пет момчиња загинале во сообраќајна несреќа што се случила во петок изутрина во Белград. Како што објави Блиц, до несреќата дошло кога автомобилот излетал од патот и удрил во надвозник.
Загинатите момчиња биле на возраст од околу 19 години. Српските медиуми пишуваат дека несреќата се случила во петок изутрина околу 3,25 часот на автопатот кон Нови Сад, односно кај обиколницата кај Батајница, населба во Белград.
РТС објави дека момчињата, сите од Белград, загинале на лице место, а се превезувале во автомобил марка „ауди“. Досега е утврден идентитетот на тројца од нив, за кои е утврдено дека се родени во 1995 година.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.