Црна хроника
Во Грција запленет уште тон хероин, 14 уапсени
Околу тон хероин е запленето во магацин во близина на грчката престолнина Атина, и притоа 14 лица се уапсени, меѓу кои се десет членови од екипажот на еден танкер, објави во неделата грчката пристанишна полиција.
Околу тон хероин е запленето во магацин во близина на грчката престолнина Атина, и притоа 14 лица се уапсени, меѓу кои се десет членови од екипажот на еден танкер, објави во неделата грчката пристанишна полиција.
Според првичните информации, 986,6 килограми хероин се откриени од танкерот „Noor1“, кој пловел под знаме на Того, а припаѓа на грчка поморска компанија чиешто име полицијата не го соопштува.
Бродот е запленет, а меѓу 14-те уапсени тројца се Грци, вклучително и одговорното лице од компанијата сопственик на танкерот.
Дрогата запленета во Коропиа, предградие на 40 километри од Атина, каде пред една седмица во градски магацин беа запленети 1.133 килограми хероин. Во овој случај атинската полиција уапси 11 луѓе.
Во првиот случај хероин требало со камион да биде разнесуван низ Грција и Европа. Меѓу уапсените се бродосопственик кој поседува неколку танкери во Дубаи, неговиот син и пет турски државјани, објавија полициски извори./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје
Синоќа, во 20.45 часот, во Полициската станица Аеродром, К. И. (48) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден околу 14.20 часот во Полициската станица Карпош, Б. Р. (54) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје бил каснат од куче скитник.
Вчер,а во 15.45 часот, во Полициската станица Драчево, А. Н. (52) од Скопје пријавил дека на улицата Јустинијан Први во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Возило излетало од патот Куманово – Скопје, возачот тешко повреден
Синоќа, во 19.20 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с. Ново Село, Кумановско, патничко возило „сеат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А. З. (20) од Куманово, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.
Црна хроника
Приведени крадци во Битола
Вчера, во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К. Б. (30) и Н. Б. (41), двајцата од Битола.
При претрес во домот на К. Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во разни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик.
А при претрес во домот на Н. Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик.