Црна хроника
Гостиварец изрешетан со автоматска пушка
Шеесет идвегодишен маж од Гостивар во понеделник изутрина бил пронајден застрелан во автомобил на улицата „ЈНА“ во Гостивар. Сторителите, како и мотивите за убиството не се познати, потврдија за Макфакс од СВР Тетово.
Утрово околу 6 часот на улицата „ЈНА“ во близина на новиот комплекс згради на кејот на Вардар во Гостивар, поточно спроти стадионот, во автомобил марка „застава 101“ со гостиварски таблички бил пронајден застрелан 62-годишниот Ф.С. од Гостивар.
Непосредно пред тоа, граѓаните што живеат во непосредна близина слушнале повеќе рафални истрели и повикале полиција по што полициски службеници веднаш излегле на пријавеното место.
Според досегашните сознанија на полицијата, непознатиот сторител или сторители откако му го попречиле патот на убиениот со контејнер, најверојатно со автоматска пушка испукале над 20 куршуми најпрво во предното стакло на автомобилот, а потоа и во телото на жртвата, по што избегале со возило.
Јавен обвинител, екипи на МВР и на СВР Тетово сé уште вршат увид на местото на настанот каде што се пронајдени празни чаури кои се предадени за вештачење.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот или сторителите и за утврдување на мотивите за убиството.
Инаку ова е прво убиство годинава во Гостивар. Минатата година имаше едно убиство, кога гостиварец уби двајца членови на семејство, и пет обиди за убиство./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.