Црна хроника
36 санкции за брзо возење на територија на Битола

Денеска во период од 12:00 до 18:00 часот на територијата на Битола спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 36 возачи.
Од нив 24 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 12 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две жени се степале по недоразбирање во сообраќај

Во текот на вчерашниот ден во Полициското одделение Петровец, В.Д.(30) од Република Србија, со престој во с.Зелениково, скопско, пријавила дека околу 14,40 часот на локален пат во општина Петровец, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Учителка нападнала ученик во Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.И. (53) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.
МВР информираше за настан кој се случил на 06-ти овој месец во основно училиште во Гостивар.
Пријавената – која е наставничка во училиште, за време на час физички нападнала еден ученик.
Црна хроника
Во Гази Баба приведен криминалец баран со потерница

Денес, во скопската населба Гази Баба полициски службеници го приведоа К. И. (34) од Скопје.
Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основниот суд Скопје 1 за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело тешка кражба.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.