Црна хроника
362 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 362 возачи, извести МВР.
„Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 209 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 153 надвор од населено место“, соопшти МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
22-годишната скопјанка по која денеска трагаше полицијата, се вратила дома

22-годишната девојка од Скопје, по која се трагаше, е вратена дома.
“На 09.12.2023 во попладневните часови во Полициска станица Карпош, Д.М.(53) пријави дека неговата ќерка Т.М.(22) е вратена во домот. За неа во 04.30 часот тој пријави дека се оддалечила од домот, по што полициски службеници преземаа активности за нејзино пронаоѓање”, објави МВР.
Црна хроника
Полицијата трага по 22-годишна девојка во Скопје

Денеска (09.12.2023) во 04.30 часот во Полициската станица Карпош, Д.М.(53) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Т.М.(22) од Скопје, велат од полицијата.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Двајца кавадарчани фатени дома со различни видови дрога

На 08.12.2023 во 12.30 и во 17.40 часот полициски службеници за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Г.Ц.(36) и М.М.(35), двајцата од Кавадарци.
При преглед кај Г.Ц., при излез од домот на М.М., била пронајдена кафеава прашкаста материја, а при претрес во домот на М.М., извршен со судска наредба, биле пронајдени кафеава прашкаста материја, екстази, бела грутчеста материја и предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја.
Во координација со јавен обвинител, предметите биле одземени, лицата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави