Црна хроника
381 казна за неносење заштитни маски

Во текот на изминатото деноноќие по однос на мерката за носење заштитна маска како превенција од коронавирусот регистрирани се 381 прекршок, информираат од МВР.
Од министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Притворен тетовец кај кого било најдено оружје за кое нема дозвола

Полицијата привела 25-годишен тетовец, откако при преглед на неговото возило било пронајдено оружје, за кое немал дозвола.
„На 25.2.2021 во 21.15 часот на ул. Видое Смилевски Бато во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.И.(25) од с.Желино, Тетовско, затоа што при преглед во неговото возило ‘ауди’, со тетовски регистарски ознаки, бил пронајден и одземен пиштол ‘ЕКОЛ 99’-9 мм, за кој немал дозвола“, соопшти МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Затворен угостителски објект во Гостиварско, приредувал игри на среќа без лиценца

Полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Управата за јавни приходи извршиле контрола во угостителски објект во с.Добридол, Гостиварско, сопственост на Е.Џ.(32) .
При контролата, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, било констатирано дека во објектот, без лиценца, нелегално се приредуваат игри на среќа, поради што времено му била одземена целокупната опрема за приредување игри на среќа.
„По расчистување на случајот, против Е.Џ. ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.
Црна хроника
Возило излета од патот, тројца повредени на патот Куманово – Свети Николе

Вчера во 16:20 часот било пријавено дека во Куманово, на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.П.(40) од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во незгодата сопатничката З.П.(68) од Куманово се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и друга сопатничка С.П.(60) од Куманово се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер