Црна хроника
40-годишник во Кисела Вода го нападнал својот татко и му го запалил автомобилот
Скопската полиција привела 40-годишен маж откако бил пријавен дека физички го нападнал својот татко и му го опожарил автомобилот.
Како што соопштија од МВР, на 11 март 2026 година во 02:20 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Т. (40) од Скопје.
Според пријавеното, околу 01:30 часот тој физички го нападнал својот 61-годишен татко, по што му го опожарил патничкото возило.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Пијан удрил пешак и избегал: уапсен 52-годишник од Охридско
Вчера во 16:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Кленоец“ во Охрид, патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот З.Ј. од село Горно Лакочереј, охридско, удрило во пешакот 55-годишниот А.Н. од село Свиништа, охридско и го напуштило местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Охрид, возачот З.Ј. е пронајден и по наредба на јавен обвинител е лишен од слобода и возилото е одземено, а при извршени проверки било констатирано дека З.Ј. е под дејство на алкохол, односно има 2,78 промили алкохол во крвта.
И кај А.Н. е утврдено дека има 1,34 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Напад во Затвор Штип: осуденик физички нападнал друг затвореник
Во Казнено-поправната установа Затвор Штип бил пријавен инцидент во кој еден осуденик физички нападнал друг.
Според пријавата во СВР Штип на 12 април во 12:45 часот, во полуотвореното одделение Д.С. (45) од Виница го нападнал Т.Ј. (21) од Штип, при што двајцата се осуденици во установата.
Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пронајдено зрно од оружје на тераса на Бит Пазар
Жителка на Скопје пријавила дека во својот дом на подрачјето на Бит Пазар пронашла заталкано зрно од огнено оружје.
Според информациите од СВР Скопје, пријавата била поднесена на 12 април во 12:57 часот од Е.Џ. (42). Таа навела дека зрното го забележала на подот од терасата во домот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
