Топ
46-годишна жена го нападнала својот сопруг, а претходно со нож му се заканила и на синот
Жена од гостиварско село го нападнала својот сопруг, а претходно со остар предмет му се заканила и на синот.
Според полицијата, вчера, околу 15.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар од слобода ја лишиле 46-годишната Л. К. од гостиварско село.
Жената била пријавена од 63-годишниот сопруг дека претходната вечер физички го нападнала откако претходно со остар му се заканила и на синот.
Таа била задржана во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, соопштија надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
