Црна хроника
63-годишна скопјанка обвинета за узурпација на недвижност во Маврови Анови

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и поднесе обвинителен пртедлог против едно лице за кривично дело узурпација на недвижности според член 225 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетата 63-годишна жителка на Скопје, на 10 јуни, во селото Маврови Анови, без одобрение започнала да гради градба од левата страна на регионалниот пат во правец кон Дебар.
Притоа узурпирала и заградила со метална ограда површина од 100 м2.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
МВР со детали за сообраќајката во Чаир: Тешки повреди има 18-годишниот возач на моторциклот
Црна хроника
Маж од Струмица загина работејќи на сопствената нива

Педесет и осумгодишен маж од селото Сачево, Струмичко загина додека извршувал земјоделски работи со трактор на сопствената нива.
Според информациите од полицијата, во нивата имало редови со метални цевки за фолии. Мажот се здобил со повреди, по што починал на местото на настанот.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Струмица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.
Црна хроника
Три лица повредени кај Штип кога комбе излета од автопатот

Три лица се здобија со повреди, од кои едно со тешки повреди вчера на автопатот Миладиновци- Штип.
„Товарно моторно возило “форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(31) од с.Елово-општина Студеничани, излета надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Џ.Џ.(38) од с.Црн врв, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Н.Ш.(36) од с.Елово и И.С., констатирани во Клиничкиот центар Штип“, соопши МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа.