Црна хроника
66-годишен прилепчанец пронајден мртов во гаража
Вчера во 17.00 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека во гаража на ул.„Никола Карев“ во Прилеп бил пронајден починат М.К.(66) од Прилеп.
„Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека околу 16.30 часот М.К. и неговиот сосед Д.С., започнале расправија, а М.К. го испрскал Д.С. со непозната течност. Потоа М.К. влегол во гаражата и по кратко време, неговата сопруга В.К. забележала чад од гаражата, по што го пронашла М.К. паднат на подот, без знаци на живот. Пожарот бил изгаснат, а од лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп“, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Казни за 153 возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за користење мобилен телефон при возење.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.