Црна хроника
827 санкции за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден
Во текот на вчерашниот ден од вкупно изречените 827 платни налози од страна на полициските службеници во рамки на опфатните сообраќајни контроли на патиштата низ земјата, после подолг период прекршоците од делот на неправилно паркирање и непридржување до пропишаната брзина на движење, статистички се симнати од врвот за сметка од вчера изречените 209 прекршоци што ги сториле пешаците, соопшти МВР.
По основ на неправилно паркирање и непридржување до пропишаната брзина на движење согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера биле изречени 203, односно само 52 прекршоци. Исто така евидентиран е и зголемен број на прекршоци по основ на неносење сигурносен појас – 82, потоа 13 учесници во сообраќајот се казнети заради неносење заштитен шлем а 35 возачи заради говорење на мобилен телефон при возење.
Покрај ова вчера петмина возачи минале на црвено светло, шестмина управувале под дејство на алкохол, 69 возачи управувале возила без возачки дозволи, а пак следствено одредбите од Законот за возила – 10 возила се исклучени од сообраќај заради техничка неисправност, а 16 возила затоа што не биле со валидна регистрација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Изби пожар кај стариот полигон под Кале, оштетени се три возила, едно лице повредено
Пожар избувнал на улицата „Самоилова“ во Скопје, во близина на Кале, на просторот кај стариот полигон.
Според информациите од полицијата, при пожарот што се случил вчера била запалена сува трева, а огнот брзо се проширил и зафатил три возила.
Во обид да ги отстрани возилата од зафатеното подрачје, едно лице се здобило со повреди кршејќи ги стаклата.
На терен интервенирале полициски службеници и екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, по што пожарот бил изгаснат.
Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Маж почина во угостителски објект на пазарот во Свети Николе
Машко лице починало на Градскиот пазар во Свети Николе во угостителски објект.
Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен вчера во 16:30 часот во ОВР Свети Николе, а мажот починал откако му се слошило додека престојувало во објектот.
На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, каде лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Свети Николе, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Надлежните институции преземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето и за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Минибус со навивачи оштетен кај Битола: напад од група граѓани на патот Прилеп–Ресен
На 17 април околу 23:15 часот, во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп–Ресен, кај крстосниците Ротино и Кукуречани, бил оштетен минибус.
Станува збор за минибус „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од селото Коњско, кој превезувал навивачка група од Охрид.
Според пријавата, додека се движел по патот, минибусот бил оштетен од група граѓани, при што настанале материјални штети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни пријави.
