Црна хроника
83 казнети возачи на територија на СВР Kуманово

Денеска (22.01.2023) во периодот од 10.00 до 16.00 часот Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Kуманово за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 83 возачи, од кои 19 за возење без возачка дозвола, 22 за непрописно вградени фолии(затемнети стакла), 7 за истечена важност на регистрација и 5 мерки за возачи кои вршат јавен превоз на патници.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Казнети 127 возачи во Скопје: 14 за користење мобилен телефон при возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за користење мобилен телефон при возење 14 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за возење под дејство на алкохол…
МВР соопшти дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
Црна хроника
Згмечен работник на „Комунална хигиена“, камионот, возејќи рикверц, удрил во ѕид

Работник од „Комунална хигиена“, кој стоел на металната конструкција на камионот, бил згмечен кога возилото, враќајќи се наназад, удрило во бетонски ѕид од куќа во Сингелиќ.
„На 6.2.2023, во 8.40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во с. Сингелиќ, Скопско, товарно возило ‘форд’ на ЈП ‘Комунална хигиена’, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р. Ш. (55) од Скопје, движејќи се наназад, удрило во бетонски ѕид од куќа. На металната конструкција од возилото стоел работникот М. П. (34) од Скопје, кој од ударот во ѕидот добил тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од полициска екипа.
Црна хроника
Фатен скопјанец кој со потерница се барал за обид за убиство

Дваесет и осумгодишен скопјанец бил приведен вчера на улицата Ацо Шопов во Скопје. За него била распишана централна потерница поради обид за убиство, извршен на 21 август минатата година на подрачјето на Карпош.
Тој со огнено оружје му нанел повреда на Б. Ѓ. (44) од Скопје, велат од МВР.
Од страна на судија на претходна постапка му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена и бил предаден на надлежната казнено-поправна установа.