Црна хроника
86-годишна битолчанка пронајдена мртва во стан
Битолчанка ја пронашла почината мајка си во нејзиниот стан. Како што информира полицијата, вчера околу 09,00 часот во СВР Битола, Ц.И. од Битола пријавила дека во стан ул.„Пецо Божиновски“ во Битола сопственост на нејзината мајка Љ.П.(86), која имала здравствени проблеми, истата ја пронашла почината.
Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.